18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Меѓувладините спогодби за „Јужен поток“ имаат предност пред законодавството на ЕУ

Медведев: Меѓувладините спогодби за „Јужен поток“ имаат предност пред законодавството на ЕУ

medvedev1

Меѓувладините спогодби за изградба на „Јужен поток“ имаа предност во однос на законодавството на Европската унија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Тој по средбата со словенечкиот премиер Аленка Братушек нагласи дека Европа ќе добие гас преку „Јужен поток“ во роковите, кои ќе бидат одредени.

– Од гледна точка на меѓународното право актите на ЕУ за земјите-членки претставуваат национално законодавство. Од гледна точка на меѓународното право меѓувладините спогодби со земјите од ЕУ, низ чија територија ќе минува „Јужен поток“ се акти на меѓународното право, а во меѓународното право и во правото генерално важи принципот за предност на меѓународното право во однос на националното законодавство, нагласи Медведев.

На средбата со Братушек, Медведев нагласи дека руските инвеститори можат да учествуваат во приватизација на повеќе објекти во Словенија.

Словенија планира да ги приватизира авиокомпанијата Адриа ервејс, аеродромот во Љубљана, банката Нова кредитна банка Марибор, производителот на ласерски системи Фото-на, телекомуникациската компанија Телеком Словенија, компанијата за обоена металургија Цинкара Цеље. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП