16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците се на трето место по посетување на Солун

Македонците се на трето место по посетување на Солун

solun2

Македонците, по Русите и Украинците, се најчести посетители и потрошувачи во Солун. Најмногу доаѓаат за викенд, на шопинг, но се уште нема податок дали и колку станови купиле по преполовувањето на цените поради кризата во Грција, рече денеска на прес-конференција солунскиот градоначалник Јанис Бутарис. 

Целта на неговата посета во Скопје, истакна, е да се инетнзивираат контактите меѓу двете држави и нивните главни градови. На тоа особено треба да поработат младинските организации.

Според Бутарис, оштетувањето на регистарските таблички со ознаки МКД што беше особено евидентно за време на летните одмори, не треба да биде пречка за соработка. Тоа е дело на криминалната организација „Златна зора“ чии членови, речиси половина, се во затвор.

– Екстремистите постоеле и ќе постојат. Такви фанатични ситуации треба да спречат зашто зад нив не стои цела Грција, истакна Бутарис, одговорајќи на новинарско прашање.

Во врска со претстојниот самит на Европскиот совет и македонските евроинтеграции, Бутарис одговори дека не е политичар, ниту се занимава со надворешна политика. Сепак, негов став е, како што нагласи, дека Грција не забранува, ЕУ е таа што одлучува.

– Проблеми постоеле и ќе постојат секогаш, ако има расположение, ќе се решат, додаде Бутарис, потенцирајќи уште еднаш дека неговата  улога не е политичка.

На солунскиот градоначалник, од естетски аспект, не му се допаѓа новоизградениот скопски плоштад. Пренатрупан е, рече, со многу фигури. – Не е како што треба, боде очи. Има многу статуи кои не треба да се на едно место. Нема естетика, но тоа е ваш избор, истакна Бутарис, одговорајќи на новинарско прашање како гомкоментира проектот Скопје 2014.

Тој не знаеше колку точно грчки фирми работат моментно во прекуграничниот регион, но, како што напомена, има многу.

Градоначалникот на Солун денеска, пред претставници на повеќе од 70 македонски и околу 100 грчки компании во Стопанската комора, апелира на потребата од интензивна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП