26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо донација ќе се доопремува ЈУ „25 мај“

Со донација ќе се доопремува ЈУ „25 мај“

saracini

Средства собрани преку добротворна акција за продажба на новогодишни честитки и донации на компаниите ќе бидат наменети за доопремување на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ од Скопје, најави Реј Пауер, претседател на Британската бизнис група.

Пауер заедно со министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ја посетија Јавната установа  „25 Мај“, како дел од активностите за поттикнување општествена одговорност во приватниот сектор во пресрет на новогодишните празници.

Иницијативата за заедничката активност потекнува од неодамнешната заедничка работна средба на министерот Сарачини со компаниите членки на Британската бизнис група, на која беше договорено компаниите да дадат предлог за установата за која ќе биде наменета поддршката, а Министерството да се вклучи.

– Наша цел е да укажеме на значењето што корпоративната општествена одговорност го има во Република Македонија, како и да ги поттикнеме сите деловни здруженија, компании и индивидуалци, кои ги поддржуваат овие проекти да продолжат со своите активности за заедницата, а оние кои досега не учествувале да разберат дека општествената одговорност не значи трошок за компанијата, туку нејзина додадена вредност. А знам дека такви компании во Македонија има многу, бидејќи секоја година најдобрите општествено-одговорни проекти ги наградуваме со посебни признанија на нашата традиционална Национална награда на ООП, наведе министерот Сарачини.

Британската бизнис група  во изминатите четири години за своите општествено одговорни активности доби награда од Сојузот на британски стопански комори на Европа (COBCOE).

Преку програмата за Корпоративна општествена огдоворност се реновираа дел од интернатите за деца во ОУ „Гоце Делчев“, Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Наум Охридски“ во Скопје и Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ во Скопје, се вели во соопштението од Британската бизнис група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП