7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанки од Италија заинтересирани за македонските инвестициски можности

Банки од Италија заинтересирани за македонските инвестициски можности

unicredit-banca-324

Неколку инвестициски банки од Италија се заинтересирани за деловните услови што ги нуди Македонија. Тие ќе ги проследат информациите од денешниот бизнис форум во Милано што ги соопшти вицепремиерот Владимир Пешевски, до нивните клиенти со цел, како што најавија,  да ја претстават и промовираат нашата земја како поволна бизнис дестинација.

И компанија од автомобилската индустрија е заинтересирана за вложување, за проширување на сопствените капацитети во Македонија. Како што соопшти Кабинетот на Пешевски, по форумот компанијата најавила посета на Македонија на почетокот на наредната година со што ќе биде трета италијанска фирма која пројавила особен интерес и работна посета на нашата земја.

На форумот што се одржа во Милано, организиран во соработка со Италијанската трговска организација и Американска стопанска комора во Италија, присуствува претставници на над 60 компании. Пред нив, македонскиот владин тим предводен од вицепремиерот Пешевски ги презентираше достигнувањата на Македонија во однос на крeирањето поволна бизнис клима, мерките и реформите кои резултираа со привлекување повеќе значајни инвеститори, како и фактот дека Македонија во континуитет го подобрува деловното опкружување.

За време на форумот беа одржани и индивидуални средби со претставници на компании од повеќе сектори и индустрии вклучувајќи ги секторите од автомобилската индустрија, секторот за градежништво, банкарскиот и енергетскиот сектор.

Владината делегација во која се и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, амбасадорот на Република Македонија во Рим Велибор Топалоски, како и економскиот промотор Иван Илиев, по бизнис форумот, делегацијата продолжува за Берлин каде вечер и утре ќе бидат остварени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, како и со претставници на германското министерство за економија. Централен настан ќе биде бизнис форумот каде ќе присуствуваат стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП