10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Оценката на Светска Банка е потврда за добро поставените економски политики

Ставрески: Оценката на Светска Банка е потврда за добро поставените економски политики

world-bank

Објавениот извештај на Светска банка, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е уште една потврда од оваа најреномирана финансиска институција во светот дека Македонија е лидер во ЈИЕ според економскиот резултат и според резултатите во економијата во 2013 година.

– Тоа е добро да се слушне. 3,4 проценти раст на БДП е висок раст за вакви околности во кои што европската економија се уште е во рецесија. Тоа потврдува дека економските политики се добро поставени. Ниските даноци, подобрувањето на бизнис-климата и реализацијата на крупни капитални проекти овозможи градежништвото, индустријата и другите сектори во Македонија и услужниот сектор да остварат високи стапки на раст и тоа покажува дека основните политики се добро поставени, рече министерот Ставрески при денешната посета на Струмица каде имаше средба со бизнис заедницата од овој регион.

Додаде дека останува следниот период преку дополнување на агендата за големи крупни капитални инфраструктурни проекти, како што се новите автопати, Кичево – Охрид, Скопје – Штип, пругата кон Бугарија, гасификацијата и други да помогнат македонското стопанство и натаму да остварува добри резултати.

– Радува тоа што и во вакви околности успеавме да бидеме најдобро оценети од Светска банка во регионот на ЈИЕ и според висината на порастот на економијата и според тоа што Македонија има најнизок државен долг во ЈИЕ, истакна Ставрески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП