18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомшиќ бара оценка на уставноста на аранжманите на БиХ со ММФ

Комшиќ бара оценка на уставноста на аранжманите на БиХ со ММФ

komsic

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ најави денеска дека од Уставниот суд на БиХ ќе побара оценка на уставноста и законитоста на сите аранжмани на Сараево со Меѓународниот монетарен фонд.

Тој додаде дека ниту еден овластен орган во БиХ никогаш не ги одобрил ниту преговорите, ниту заклучоците од тие аранжмани.

– Зависно од идната одлука на Уставниот суд на БиХ, ќе се обратам и до Обвинителството на БиХ за утврдување на кривична одговорност на оние, кои неовластено ја задолжиле БиХ за повеќе милијарди долари, нагласи Комшиќ.

Тој истакна дека со дополнителна проверка во Претседателството на БиХ утврдено е дека сите аранжмани со ММФ се противуставно и противзаконски склучени и потпишани.

– Имено ниту еден аранжман никогаш не е ратификуван од Парламентарното собрание на БиХ и Претседателството на БиХ, како што никогаш никој од институциите овластени од Уставот на БиХ и законите на БиХ не дал согласност за нив да се преговара, тврди Комшиќ.

Тој додаде дека ниту еден аранжман на БиХ со ММФ никогаш јавно не е објавен и оти е невозможно да се дојде до тие текстови. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП