2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо март стартуваат железничките линии за товарен транспорт кон Солунското пристаниште

Во март стартуваат железничките линии за товарен транспорт кон Солунското пристаниште

voz-transport

Во март идната година треба да стартуваат редовните железнички линии за товарен транспорт од Македонија кон Солунското пристаниште.

Како што соопшти денеска управниот директор на пристаништето Стилиано Агелудис, ова е приоритет што македонските компании мора да го земат предвид.

– Воведувањето на редовните железнички линии, што е договорено на средби со надлежните од институциите во двете држави, ќе ги намали транспортните трошоци, а тоа очекуваме да го зголеми транспортот, истакна Агелудис на прес-конференција по презентацијата во Стопанската комора на Македонија.

Морскиот и железничкиот сообраќај, нагласи, се најевтини. Комбинацијата од овие два може да ги намали трошоците за 20 до 30 проценти.

Според него, за осовременување на Солунското пристаниште се вложени 30 милиони евра, а ќе се инвестираат уште толку во нова опрема, машини, багери, вилушкари… Пристаништето работи постојано, 24 часа, а цените на услугите воопшто не се променети изминативе години и покрај економската криза.

– Од овие причини сме најконкурентни од Трст до Бургас и од Драч до Пиреа, посочи директорот. Минатата година вкупниот транспорт преку Солунското пристаниште бил 2,163 милиони тони рефус товари или преку 23.000 контејнери што е 13,35 отсто зголемување во однос на претходниот период.

Агелудис информира дека соработката со македонските компании се интензивира и дека се надминати претходно детектираните проблеми што ги предизвикаа непостојаното функционирање на царината и штрајковите во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП