28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдам Сендлер е „најпреплатен глумец“

Адам Сендлер е „најпреплатен глумец“

adamsendler1

Американскиот комичар Адам Сендлер е најпреплатениот холивудски глумец, според мислењето на магазинот Форбс.

Сендлер (47), ѕвездата од комедиите „Џек и Џил“ и „Тоа е моето момче“ ја презеде од Еди Марфи оваа „посакувана“ титула.

Форбс проценува дека последните три филмови на Сендлер вратиле во просек 3,40 долари за секој долар кој го добил.

Марфи минатата година беше на врвот на листата на актери кои не „враќаат“ доволно од инвестираните пари.

Кетрин Хегл, која играше во пропаднатите филмови „Убијци“ и „Прв за пари“ помина малку подобро од Сендлер со враќање од 3,50 долари за секој кој го заработила.

Листата се составува на основа на последните три филмови на глумците во последните три години.

Трета на листата е Рис Витерспун со просечно враќање од 3,90 долари за секој долар кој го добила.

Четврти е Николас Кејџ со враќање од шест долари во просек, а петти е комичарот Кевин Џејмс со просечно враќање од 6,10 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП