1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на живот во ноември зголемени за 1,1 отсто

Трошоците на живот во ноември зголемени за 1,1 отсто

trosoci

Трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември во однос на октомври годинава бележат намалување за 0,1 отсто, а во однос на ноември лани зголемување од 1,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември во однос на октомври, намалување на индексите е забележано во групите Транспорт за 1,1 отсто, Рекреација и култура за 0,4 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци и Ресторани и хотели за 0,3 отсто и Здравје за 0,1 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот има во групите Останати стоки и услуги за 0,7 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,6 отсто, Облека и обувки и Образование за 0,2 отсто и Алкохолни пијалаци, тутун и Комуникации за 0,1 отсто.

На ниво од претходниот месец остана индексот во групата Домување, вода, електрика, гас и други горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП