3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФиат инвестира 9 милијарди евра во нови модели

Фиат инвестира 9 милијарди евра во нови модели

Fiat-500fab

Најголемиот дел од инвестициите ќе биде употребен за подобрување на производството во Италија, а една од главните цели е да се подобрат резултатите од продажбата во Европа, каде оваа групација и натаму работи со загуба.

Најмногу корист од овие вложувања би требало да имаат Масерати и Алфа Ромео чии нови модели ќе се произведуваат во Италија.

Како што пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на извори од компанијата, брендот Фиат исто така ќе биде освежен со нови модели, а една од жртвите на новиот инвестициски циклус би можело да биде и Пунто. Наместо овој модел, Фиат има во план на пазарот да понуди ново возило со пет врати од семеството 500, кое би требало да се произведува во Полска.

Новата посветеност на моделите на италијанскиот производител практично ќе биде концентрирана околу моделите Фиат 500 и Панда.

Што се однесува до италијанските фабрики, за 2014-та година планирано е производство на два модели кои ќе делат иста платформа –  кросоверот „FIAT 500X“ и малото „SUV“ возило од марката „Jeep“, како и верзија на моделот „Alfa Romeo 4C“ со отворен покрив. Лимузината „Giulia“ исто така ќе се изработува во Италија, но до 2016-та година.

Плановите за Масерати предвидуваат понатамошно зголемување на бројот на модели и продажбата на автомобили на годишно ниво.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП