3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРевизијата важна за носење правилна инвестициска и друга одлука

Ревизијата важна за носење правилна инвестициска и друга одлука

AuditPlanningandSupervision

Потребата од јасна слика за состојбата на компаниите во Република Македонија е од големо значење во услови кога се носат мерки за привлекување странски и домашен капитал, ова го истакна претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Соња Гелова Стојанова на денешната работилница за унапредување
на квалитетот во ревизијата.

Според неа ревизијата треба да обезбеди дополнително убедување за финансиката состојба на компаниите што претставува понатамошен предуслов за донесување правилна инветициска или друга одлука од страна на корисниците на финансиските извештаи кои се предмет на ревизија.

Целта на денешната средба е да се дискутираат предлози и идеи за унапредување на квалитетот на ревизијата. Со неа се заокружува проектот чија цел беше поставување методологија и алатки за имплементација на системот на проверка на квалитетот на ревизорските услуги.

Советот за унапредување и надзор на ревизијата, кој е организатор на работилницата, е самостојно и независно регулаторно тело, основано од Владата со основна цел унапредување и надзор над вршење на ревизијата.

Целта на Советот е преку стручни анализи и препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата да работи во насока на нејзино унапредувње да го поттикнува придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизорската професија како и да ја зајакне довербата на инвеститорите и другите корисници во податоците кои се објавени во финансиските извештаи на компаниите во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП