10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на турската економија поголем од очекуваниот

Растот на турската економија поголем од очекуваниот

turcijaturcija1

Турската економија во третиот квартал забележа раст поголем од очекуваниот, објави Националниот институт за статистика.

Бруто домашниот производ во периодот од јули-септември е зголемен за 4,4 проценти во однос на истиот период минатата година, додека економистите предвидуваа раст од 4,05 проценти, пренесува Ројтерс.

А во однос на претходниот квартал, БДП пораснал за 0,9 проценти, се додава во соопштението.

Економскиот раст во вториот квартал, во споредба со истиот квартал од 2012 година, изнесува 4,5 проценти, за разлика од првичната проценка од 4,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП