1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаумоф и Ивановски се сретнаа со сопственик на италијанска ИТ компанија

Наумоф и Ивановски се сретнаа со сопственик на италијанска ИТ компанија

ivanos

Министрите за странски инвестиции и за информатичко општество и администрација Џери Наумоф и Иво Ивановски денеска се сретнаа со сопственикот на италијанската компанија Df Labs Дарио Форте, чија основна дејност е развивање на нови информатички технологии за заштита на податоци.

Целта на оваа работна посета, како што соопшти кабинетот на министерот за странски инвестиции, е претставниците на компанијата поблиску да се запознаат со можностите кои се нудат за инвестирање во оваа област.

– Предвидено е тие да се сретнат и со претставници на факултетите за информациски технологии со цел да се развие вземна соработка и програма за практично обучување на студентите во оваа компанија.

Министерот Наумоф истакна дека потенцијалот на човечкиот капитал во оваа дејност е голем, потенцирајќи дека Македонија располага со пет факултета за компјутерски науки и информатички технологии и тоа во Скопје, Штип, Битола, Охрид и Тетово кои нудат квалитетни високо образовани кадри кои можат сериозно и
одговорно да одговорат на сите предизвици кои ги нуди оваа професија, се вели во соопштението.

На средбата било заклучено дека Македонија рапидно напредува во сите сфери на информациските и компјутерските технологии со што станува водечка во регионот, а гостите изразиле подготвеност за инвестирање во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП