20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP отпушта 850 работници

HP отпушта 850 работници

hp

Компанијата „Hewlett-Packard – HP“ ќе ги затвори своите објекти во Германија, во градот Рузелхаим, поради што 850 вработени ќе останат без работа. Дополнителни 250 луѓе добиле можност за преместување кај некој од партнерите или клиентите на „HP“.

Од компанијата наведуваат дека отпуштањето на вработените било неопходно поради зголемување на ефективноста, зголемување на вработувањето на хонорарни работници и консолидација на работењето.

Од компанијата порачуваат дека и понатаму во Германија ќе вработуваат околу 10.000 луѓе, оваа компанија во моментов им 300.000 вработени во светот.

„Hewlett-Packard“ е американска компанија која се занимава со компјутерска технологија, нејзиното седиште е во Пало Алто, во Калифорнија.

Компанијата се занимава со производство на компјутери, сервери, скенери, принтери, камери и други случни производи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП