3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРостелеком отпушта 40-50% од вработените

Ростелеком отпушта 40-50% од вработените

rostelekom1

Раководството на руската телекомуникациска компанија „Ростелеком“ се подготвува на Управниот одбор да му ја претстави програмата за намалување на бројот на вработените.

Станува збор за намалување на бројот на вработени од 40 до 50 проценти, како во седиштето на компанијата во Москва, така и во останатите региони, со тоа што отпуштањата во регионите ќе бидат помали, но досега точните бројки не се познати.

Основаната причина за оптимизација на персоналот е претстојното спојување на мобилниот бизнис на „Ростелеком“ и „Теле2Русија“, наведуваат изворите.

Од моментот кога директор на „Ростелеком“ е Сергеј Калугин, наведува изворот „Вједомости“, бројот на откази не е само зголемен, туку е тројно зголемен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП