28 март, 2024
ПочетнаИЗДВОЕНОЛекции од Стив Џобс кои будат работен елан

Лекции од Стив Џобс кои будат работен елан

stivstiv1

Издвоивме седум мудрости од еден од најуспешните луѓе во светот од кои можеме нешто да научиме.

1. Сите стареат

„Ретко ќе видите уметник во неговите триесетина години кој е способен да постигне нешто неверојатно“

Стив Џобс знаеше дека иновациите се поттикнати од младоста, тој вели… децата управуваат со нашиот живот. Стив целиот свет го гледаше на поинаков начин од другите.

„Морате што поскоро нешто да направите, бидејќи сите оние неверојатни работи кои ги слушате во медиумите ги постигнале младите луѓе“.

2. Перспективата е важна

„Сакате ли остатокот од животот да го поминете продавајќи замрзната вода или да добиете шанса да го промените светот?“

Во животот е важна перспективата, точката на гледиштето. Можеби мислите дека секој директор е ист – алчен, одвоен од просечните луѓе. Постои голема разлика меѓу Бил Гејтс и Стив Џобс, на пример, разликата е во нивната точка на гледиштата. На Стив му беше важно она што го продава, а љубовта кон самиот производ е она што го прави посебен.

3. Независност и слобода

„Зошто да и се приклучите на морнарицата кога можете да бидете пират?“

Многу е поинтересно да бидете Џек Спароу, отколку адмирал на британската морнарица – помала е одговорноста, повисоки се постигнувањата и поголема е наградата. Битката е битка, независно од тоа на која стана се борите.

4. Преземање на одговорност

„Понекогаш, кога воведувате новитети правите грешки. Најдобро е брзо да ги признаете и да продолжите со работа на останатите иновации“.

Сите грешиме. Секој од нас има лош ден и прави нешто погрешно. За да бидете добар иноватор мора да научите да ги признаете вашите грешки.

5. Храброст и упорност

„Знаете, имав план како да го спасам „Apple“. Не можев да кажам ништо повеќе освен дека тоа е совршен производ и совршена стратегија за „Apple“, но никој не сакаше да ме слуша“

Не заборавајте дека Стив Џобс го постигна најголемиот успех откако го отпуштија од компанијата, од компанијата која тој ја основаше. Тој остана на своето и го направи тоа што тој го сакаше. Можеби беше човек кој сакаше да држи се под контрола и беше перфекционист, но тој беше успешен.

6. Уметност и транспарентност

„Секогаш сме се срамеле од кражби на големите идеи“

Уметноста е бесплатна и сите можат да го украдат она што го сакаат. Уметникот треба да добие заслуга и да се истакне, а како уметникот ќе управува со своите заслуги тоа е негов личен избор. Уметноста треба да им биде достапна на сите.

7. Едноставност

„Тоа беше една од моите мантри – фокусираност и едноставност. Едноставното може да биде потешко од сложеното, морате напорно да работите за да направите нешто едноставно“.

Најважната работа која треба да ја научиме од Стив Џобс е дека во едноставноста се крие суштината на животот. Било што да се случи, веднаш штом ќе станете помислете на тоа што сакате да го остварите. Дишете, смејте се и гледајте позитивно на светот околу вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП