28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Груевски во Берлин ќе ги претстави поволностите за инвестирање

Премиерот Груевски во Берлин ќе ги претстави поволностите за инвестирање

nikola-gruevski-pres-za-nas

По посетата и политичките средби во Брисел, премиерот Никола Груевски денеска продолжува со економска посета на Сојузна Република Германија.

Во владината делегација предводена од Груевски, покрај министерот за надворешни работи Никола Поповски, во Берлин се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски, како и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Предвидени се повеќе одвоени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, а централен настан е бизнис форумот што ќе се одржи вечер на кој пред стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија ќе бидат претставени поволностите за инвестирање во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП