16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Летонија расте со полна брзина

Економијата на Летонија расте со полна брзина

letonija154

Летонија во ноември повторно забележа дефлација, бидејќи потрошувачките цени на годишно ниво се намалија за 0,4 проценти, покажуваат официјалните податоци.

Летонскиот Завод за статистика наведува дека оваа земја, која на 1. јануари ќе стане 18-тата членка на еврозоната, е на пат да го оствари најсилниот економски раст во земјите на ЕУ, трета година по ред, пренесува агенцијата Франс прес.

Продавниците и услужните компании веќе ги изразуваат цените во две валути, а поштите во текот на денешниот ден ќе ги пуштат во промет првите пакети со банкнотите евро.

Стапката на дефлација од 0,4 проценти на годишно ниво во ноември доаѓа по стапката на инфлација од нула проценти во октомври, додека на месечно ниво, падот на цените во минатиот месец беше уште поостар и изнесуваше 0,5 проценти.

Заводот, исто така, ја ревидираше стапката на раст на бруто домашниот производ за третиот квартал на 4,5 од 4,2 проценти, колку што изнесуваше во првичната проценка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП