19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците не застануваат – историски извоз

Германците не застануваат – историски извоз

germ1

Германските компании во октомври остварија извоз на стока во вредност од 99,1 милијарди евра, што е досега највисоката забележана вредност на германскиот извоз.

Федералното биро за статистика соопшти дека најголемиот извоз во еден месец, германската економија досега го забележала во март 2012 година – 98,7 милијарди. Во однос на октомври 2012 година извозот е зголемен за 0,6 проценти.

За рекордната вредност на германскиот извоз во октомври особено придонесе големиот пораст на извозот во земјите на ЕУ кои не се дел од еврозоната.

Извозот на германските компании во земјите на еврозоната е за 0,1 проценти помал во однос на октомври минатата година, а извозот во не-европските земји се намали за 1,3 проценти.

Економистите како позитивен го гледаат податокот на статистичарите дека германскиот увоз од земјите во еврозоната е зголемен за 2,9 проценти и наведуваат дека тоа ќе помогне за економско закрепнување на државите погодени од кризата.

Трговските партнери во странство ја користат поволната клима во Германија и на германските компании пред се им продаваат челик и делови за машини.

Од јануари до октомври вредноста на германскиот извоз изнесуваше 917 милијарди, што е за 0,7 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП