3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M ги зголемува цените

H&M ги зголемува цените

hmhmhm1

Шведската модна куќа „H&M“ порача дека размислува за зголемување на малопродажните цени во иднина за да може да исплатува пoвисоки плати на посиромашните работници.

Компанијата во Стокхолм одржа состанок на кој се најавени плановите за зголемување на платата на работниците во текстилната индустрија во земјите како Бангладеш, каде минималната дневница изнесува околу два долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„H&M“ во ноември ја лансираше програмата „Праведна платна политика“, наведувајќи дека на сите текстилни работници би требало да им биде овозможено да живеат од својата плата.

Од компанијата наведуваат дека тие ќе им предложат на владите во ваквите земји да го подигнат нивото на минимални плати.

Шведската компанија си постави цел до 2018 година да ја зголеми платата на 850.000 работници во текстилните индустрии во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП