26 април, 2024
ПочетнаАКТУЕЛНОБутарис во Скопје ќе ја презентира бизнис понудата на Солун

Бутарис во Скопје ќе ја презентира бизнис понудата на Солун

budget-thessaloniki

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани можностите што ги нуди градот Солун за унапредување на билатералната соработка со македонските бизнисмени.

Пред членките на Стопанската комора на Македонија ќе бидат претставени новите услуги на солунското пристаниште, транспортните и логистичките компании, хотелските капацитети и туристичките агенции.

Планирано е да се одржат и директни средби меѓу македонските и грчките компании.

На настанот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Настанот се организира на иницијатива на Економско-трговското одделение при Канцеларијата за врски на Република Грција во соработка со Стопанската комора на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП