18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожностите за инвестирање презентирани во Италија

Можностите за инвестирање презентирани во Италија

ita

Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски од денеска престојува во посета на Италија каде ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија. Планирано е да се одржат бизнис форуми во Торино, Милано и Верона.

Денеска поволностите што им се нудат на странските инвеститори беа презентирани пред претставници на повеќе од 30 автомобилски компании од регионот Пиемонте, кој е познат како еден од петте европски региони во кои се концентрирани компании од автомобилската индустрија.

Интерес за инвестирање, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, пројавиле две компании кои произведуваат компоненти за автомобилската индустрија. Договорено е кон почетокот на идната година нивни претставници да ја посетат Македонија.

Форумот беше организиран со поддршка на Асоцијацијата на производители од автомобилската индустрија на Италија – ANFIA, Стопанската комора на Торино, како и Американската стопанска комора во Италија. На него се обратија и претседателот на Стопанската комора на Торино, Александро Барбери и директорот на Асоцијацијата на производители од автомобилската индустрија на Италија, Џанмарко Џорда.

Во составот на македонската делегација, која престојува во Италија, се и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошк-индустриски развојни зони Виктор Мизо, македонскиот амбасадор во Италија, Велибор Топалоски, како и економскиот промотор во Италија, Иван Илиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП