2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEADS скратува илјадници работни места

EADS скратува илјадници работни места

Fusion von EADS mit BAE gescheitert

Најголемата европска воздушна корпорација „EADS“ има во план да затвори меѓу пет и шест илјади работни места и размислува за продажба на своето седиште во Париз.

Вредноста на седиштето на пан-европската корпорација за вселенска програма, одбрана и оружје се проценува на околу 100 милиони евра.

Планот за реорганизација на групациајта во која се цивилните и воените делови на Ербас, Еурокоптер и Астриум нема да бидат вклучени во отпуштањата, туку само на доброволно заминување и распоредување.

Исто така, некои од вработените кои заминуваат во пензија нема да бидат заменети со нови кадри, додека некои од договорите за работа на одредено време нема да бидат обновени.

Корпорацијата најверојатно има во план да ја продаде и филијалата која се занимава со изработка на подвижни мостови и полски болници.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП