16 април, 2025
ПочетнаАКТУЕЛНО„3С“ бизнис модел за успешна бизнис стратегија

„3С“ бизнис модел за успешна бизнис стратегија

3cbizmod1

„3C“ бизнис моделот ги опишува трите клучни фактори кои ја креираат успешната бизнис стратегија. Овој модел е развиен од страна на Кеничи Охмае кој по презентирањето и имплементација на овој модел во повеќе компании доби прекар „Мистер Стратегија“.  Денес Кеничи Охмае е еден од водечките бизнис и корпоративни стратези.

Основната цел на „3C“ бизнис моделот е да Ви овозможи стратегиски поглед кон факторите кои се неопходни за било каков бизнис процес. Тој Ве упатува на трите клучни фактори за постигнување на успехот. За да се создаде било каква бизнис стратегија мораат да бидат вклучени овие три фактори:

Корпорација – Corporation

Купувач/Клиент – Customer

Конкуренција – Competitors

Врз основа на овие три фактори Кеничи создаде таканаречен стратегиски триаголник.

Корпорација: На корпорацијата и е неопходна стратегија за да ја зајакне својата позиција и својата структура во однос на својата конкуренција.

Купувачи: Купувачите се основа за секоја стратегија. Компанијата што вистински се грижи за своите купувачи, ќе ги привлече и новите инвеститори. За да ги разберете Вашите купувачи Вие морате да ги сегментирате. Исто така, мора да одговорите на нивните потреби, кои за секој клиент се различни.

Конкуренција: Стратегијата која во својата основа ги има конкурентите може да биде многу успешна стратегија. Секој треба да води сметка за својата конкуренција, редовно да ја следи како таа напредува, да ги прегледа нејзините силни страни и постојано да се обидува да биде подобар од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП