Ауди се соочува дисипација внатре во сопствениот дизајнерски тим. Неодамна пристигна веста дека нивниот главен дизајнер, Волфганг Егер ќе премине во таборот на „Giugiaro“ дизајнерското студио кое е во сопственост на „VW“. Медиумите ширум континентот, а особено во Германија се интересираат за причините за ваквиот потег и за „судбината“ на идните модели на Ауди и нивиот дизајнерски правец.
Шпекулациите најверојатно се точни, затоа што Егер би требало да ја замени дизајнерската ѕвезда која е заслужна за седмата генерација на Голф, Марк Лихте.
Егер од 2007-та година е на чело на одделението за дизајн на Ауди и Ламбурџини, па сите модели кои излегоа од ова студио беа одобрени од негова страна. Пред да биде поставен на оваа функција тој беше познат по работата на моделите на Алфа Ромео и Ланчија.
„Giugiaro“ е во сопственост на „VW“ од 2010-та година, а студиото се наоѓа во Торино, Италија. Креативците на ова студио се заслужни за студијата „Parcour 4×4“, модел кој е заснован на „Lamborghini Gallardo“.
Раководните лица на Ауди засега несакаат да ги коментираат овие информации и истакнуваат дека никогаш не се занимаваат со шпекулации и можни чекори.
Вистина или не, уште еден нивни дизајнер, овој пат Ахим Бадштубер од наредната година својата работа ќе ја продолжи во Мерцедес Бенз.