ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговците ја претераа, цените ќе мора да се намалат во следните неколку...

Трговците ја претераа, цените ќе мора да се намалат во следните неколку дена!

Поминаа 24 часа откако премиерот Мицкоски ги предупреди трговците да ги намалат цените во маркетите, во спротивно им порача дека ќе си имаат работа со државата.

Ваков ултиматум досега не е забележан од страна на актуелната власт која пак на неколку пати настојува да и укаже на јавноста дека не сака да се меша во пазарната економија односно финалните цени да ги формира самата токму пазарот. Имаше и периоди кога на сила беа носени интервентни мерки, но тоа беа времени потези се со цел да не дојде до поголеми ценовни шокови за граѓаните.

Но, општиот впечаток на граѓаните е дека цените никогаш за овие неколку години не престанаа да растат, не само на храната.

Поскапува буквално се, секој производ или услуга која граѓаните секојдневно ја користат. Сега на ред се трговците, тие велат дека решаваат по ова прашање, но како ќе постапат и дали ќе ги намалат цените засега не се знае.

Што е тоа што толку го налути премиерот што јавно им се закани на трговците дека имаат 24 часа да ги намалат цените бидејќи помина времето на толеранција. Граѓаните според него беа толерантни, издржаа а сега веќе според премиерот помината е и кризата и нема простор за високи и нереални цени во малопродажбата.

„Мојата порака ќе биде јасна – завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е ред тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да ги намалат цените на производите, особено на основните прехранбени производи, доколку не дојде до намалување на цените, Владата ќе ги искористи механизмите што ѝ стојат на располагање. Оправдување и изговори не прифаќам. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме и тоа на подолг рок“, изјави премиерот.

Според информациите до кои дојде Денар, во текот на вчерашниот ден имало состанок помеѓу претставници на трговските ланци и владини претставници на кој единствена точка за разговор биле цените на производите и начинот на кој тие би се намалиле. Според нашите извори трговците побарале намалување на дел од царини на производите кои се увезуваат од странство за да можат или да имаат економска оправданост тие да ги продаваат по пониски цени. Тоа што е познато е дека властите побарале да се намалат маржите а со тоа и цените на финалните производи. Според информациите ќе следат уште неколку средби на кои ќе се разговара на оваа битна тема се со цел изнаоѓање на најсоодветно решение. Но властите остануваат децидени, цените мора да се намалат.

Во меѓувреме опозицијата обвинува дека за целиот хаос со цените виновна е власта односно како што велат неспособноста да воспостави ред на пазарот. Дополнителни од СДСМ велат дека додека цените растат македонските работници се со најниските плати во Европа.

Овфицијалните податоци на државните институции покажуваат дека трошоците на живот на годишно ниво бележат раст, но тоа што дава барем малку оптимизам е тоа што два месеци по ред се намалува синдикалната потрошувачка кошничка, минимално но сепак има пад.

Сега останува да се види што конкретно е договорено и дали ќе има намалување на цените во маркетите такво какво што граѓаните ќе го почувствуваат во семејниот буџет.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП