20 април, 2024

BMW M9

bmw1

„Radion Design“ ја претстави својата визија за „BMW“ спортското купе кое носи назив „M9“.

Недостатокот на суперавтомобил во гамата на баварскиот производител и понатаму ја поттикнува имагинацијата на љубителите на оваа марка. Некои од нив одат чекот подалеку од тоа и своите мисли и идеи ги преточуваат во независна дизајнерска студија на „BMW“ автомобилите.

bmw

Една од таквите студии, концептот со ознака „M9“, го претстави „Radion Design“. На илустрациите кои се објавени на интернет може да се види дека „BMW M9“ е замислен како спортски двосед, со спуштен преден дел, со фарови сместени во тесен пресек кој се протега по целата должина на предниот дел и кој ја опфаќа маската за ладилникот.

Централно место на маската од ладилникот завзема препознатливиот „бубрежест“ симбол на „BMW“ автомобилите, додека пак, во долниот дел на браникот се сместени големи усмерувачи на воздухот.

bmw3

Линијата на покривот се спушта со блага косина кон задниот агол на каросеријата каде се наоѓа мал спојлер. Стоп светлата се исклучително тенки, што додатно ја истакнува ширината на автомобилот, а предните и задните светлосни групи содржат ЛЕД технологија.

Од „Radion Design“ велат дека очекуваат нивниот концепт да ги задоволи сите вкусови, а основната идеја била, при обликување на студијата за „M9“ да се употреби „различна филозофија од онаа  која ја применуваат дизајнерите на „BMW“, на актуелните модели на таа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП