4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПолитика на деловни подароци

Политика на деловни подароци

delpodar1

Давањето подароци во бизнисот е начин на развивање и одржување на односи. Тоа може да се направи помеѓу компанијата и нејзините клиенти, помеѓу компанијата и нејзините вработени или помеѓу самите вработени во компанијата.

Кога се постапува на вистинскиот начин, подароците предизвикуваат општо задоволство и за давателот и за примателот. Но ако не се внимава, подарокот може да создаде проблеми и генерира негативни чувства. Затоа, пред да се одлучите да купите и подарите одреден деловен подарок, добро размислете на следниве теми и почитувајте ја политиката на деловни подароци…

 

Познавајте  ја политиката на компанијата – Тоа значи да се биде свесен за политика на вашата компанија и за компанијата на примателот. Лесно е да се провери што е дозволено во рамките на својата организација, но, не може да биде толку едноставно да дознаете дали, и што вашиот клиент може да прифати како подарок. Ако имате сомнежи, бидете подготвени на тоа дека вашиот подарок може да биде и одбиен. Во тој случај, бидете спремни одбивањето да го примите благонаклоно.

Дознајте ја традицијата на поклонување – Дознајте што биле подароците кои ги добивале во организацијта или институцијата порано, и подарете нешто слично или во таквите веќе проверени рамки.

Дознајте кога е најсоодветно да се нудат подароци – Генерално, во бизнисот постојат 6 видови на категории кога се доделува подарок: семеен подарок, личен, подарок за компанијата, подарок за вработен, подарок за признание, и заблагодарување. Но исто така,  во исклучителни ситуации може да се пристапи кон давање на подарок и за семејни настани поврзани со деца, свадби или погреби, како и за родендени или поради болест, пензионирање и други работи поврзани со пресвртни моменти за компанијата или за вработените.

Запомнете дека еден вид подарок не одговара на сите. Изберете подароци кои се рефлектираат на вкусот, интересите и културата на лицето на кое му подарувате. Бидејќи се работи за бизнис, вашите подароци треба да бидат професионални и да испратат позитивна порака за вашата организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП