3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSun привлече 100.000 претплатници

Sun привлече 100.000 претплатници

the sun

Дигиталната верзија на најполураниот британски таблоид „Sun“ за четири месеци од почетокот на наплатувањето на онлајн содржините привлече повеќе од 100.000 претплатници.

Како што соопшти оваа издавачка куќа, новинарската групација настојува да оствари дополнителни приходи од онлајн издаваштвото, се со цел да се неутрализира слабиот тираж на печатената верзија, но „Sun“ е и првиот британски таблоид кој воведе претплата на целата своја онлајн содржина.

„Иако ова се дури првите денови, охрабрени сме од добриот старт“, изјави уредникот, Дејвид Динсмор.

На дигиталниот пакет на „Sun“, кој чини две фунти неделно, претплатени се 101.779 читатели, а дополнителни 15.590 читатели имаат пристап до онлајн содржините користејќи ги кодовите од печатеното издание на весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП