7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК ги „чешла“ Samsung и Philips

ЕК ги „чешла“ Samsung и Philips

samsun1

Јужнокорејската компанија „Samsung“ и холандската компанија „Philips“ се најдоа на мета на истрага од страна на Европската комисија поради сомнеж дека прават картелски договор, соопштија тие две компании.

Комисијата во четвртокот наведе дека нејзините истражни органи направиле рација во електронски компании во неколку земји членки на Европската унија, но не се наведени имињата на компаниите.

ЕК се сомнева дека компаниите спречувале интернет продажба на електронски производи, што можело да влијае на зголемувањето на цената за потрошувачите.

„Samsung“ и „Philips“ денес наведоа дека во потполност соработуваат со инспекторите на ЕК.

Доколку Комисијата дојде до заклучок дека компаниите ги прекршиле правилата за економска конкуренција, може да им одреди казна во вредност до 10 проценти од нивниот годишен промет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП