ПочетнаАВТОБИЗНовиот електричен „SUV“ на „BMW“ ја освојува Европа

Новиот електричен „SUV“ на „BMW“ ја освојува Европа

Новиот „BMW iX3“ бележи одлични резултати на европскиот пазар. Електричниот „SUV“ од втората генерација достигна повеќе од 10.000 продадени единици за само два месеци, што го прави еден од најуспешните нови електрични модели во премиум сегментот.

„BMW“ започна со испораки во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 единици. Ова го стави „iX3“ пред „Polestar 4“, кој постигна 8.925 регистрации во истиот период, иако е присутен на пазарот подолго време, пишува „CarScoops“.

Моделот се приближи и до „Audi Q6 e-tron“, кој забележа 12.536 продадени единици во првите четири месеци од годината. Сепак, „Audi“ бележи пад на продажбата од 23 проценти во споредба со истиот период минатата година, па затоа „BMW“ наскоро би можел да го преземе водството.

На почетокот на годината, „BMW“ објави дека примиле повеќе од 50.000 нарачки за новиот „iX3“. Поради големата побарувачка, компанијата дури воведе и дополнителна смена во својата фабрика во Дебрецен, Унгарија.

Интересно е што еден од тројца купувачи на новиот „iX3“ претходно не поседувал „BMW“, што покажува дека електричниот „SUV“ успешно привлекува возачи од други брендови.

Испораките на моделот наскоро ќе започнат на американскиот и азискиот пазар, каде што „BMW“ очекува континуиран силен раст на продажбата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП