21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција веќе нема вишок на вработени

Грција веќе нема вишок на вработени

grcgrc1

Грчката влада соопшти дека повеќе нема вишок на вработени во јавниот сектор и дека се исполнети сите поставени цели во намалувањето на бројот на работници.

Грција ја исполни оваа цел две години пред рокот кој го поставија меѓународните кредитори.

Министерот задолжен за реформите Кирјакос Мицотакис наведе дека во 2009 година бројот на работници во јавниот сектор изнесувал 913.000, а сега таа бројка изнесува 681.392. Трошоците за плати во тој период се намалени за една третина.

Мицотакис тоа го кажа во текот на расправата во парламентот за буџетот за 2014 година.

Грција се обидува да ја заврши последната рунда на преговори со меѓународните кредитори, а една од темите е со кое темпо треба да се движи намалувањето на вишокот на вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП