„MG“ развива нов мал електричен автомобил кој ќе се натпреварува со „Renault 5 E-Tech“ и „VW ID. Polo“.
„MG“ ја објави премиерата на два нови концепт автомобили на претстојниот Фестивал на брзината во Гудвуд 2026, од кои едниот е навестување за иден градски електричен модел кој ќе се појави на пазарот во 2027-ма година.
Иако името сè уште не е откриено, тизерите покажуваат компактен хечбек со заоблени линии, затворена хауба и модерни LED светла.
Автомобилот ќе биде целосно електричен пандан на претстојниот „MG 2 Hybrid“ и ќе се бори за наклонетоста на купувачите во таканаречениот Б сегмент, каде што го чекаат конкуренти како „Renault 5 E-Tech“, „Nissan Micra“, „VW ID. Polo“, „Cupra Raval“, „Mini Cooper Electric“ и „Peugeot E-208“.
„MG“ потврди и втор концепт, кој исто така ќе послужи како основа за иден производствен модел.



