3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврден највисокиот рејтинг на Швајцарија

Потврден највисокиот рејтинг на Швајцарија

shvajshvaj1

Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard&Poor’s“ (S&P) ја потврди највисоката оценка на кредитниот рејтинг на Швајцарија „ААА+“ со стабилна прогноза.

Агенцијата во извештајот ја пофали Швајцарија дека успеала да се избори со многуте потенцијални макроекономски шокови, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

„S&P“ во образложението наведе дека Швајцарија заслужува највисока оцена, помеѓу останатото, и поради стабилната политичка ситуација во земјата, високите перформанси во надворешната трговија, како и флексибилноста на буџетската и монетарната политика која придонесува за економската стабилност во услови на потенцијални надворешни шокови.

Бруто домашниот производ (БДП) по граѓанин во Швајцарија оваа година, според проценката на „S&P“, ќе достигне 80.000 долари, меѓу највисоките во светот.

„Швајцарската економија продолжува да извлекува позитивни ефекти од моментално поволната бизнис клима, висококвалификуваната продуктивна работна сила, како и ниската стапка на невработеност“, се додава во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП