Најскапите пазари на домување во Европа се концентрирани во релативно мал број градови, покажуваат новите податоци од платформата „Глобален водич за недвижности“, објавени од „Еуроњуз“.
Според анализата, четири од петте најскапи градови за станбени недвижности во Европа се наоѓаат во Швајцарија и Луксембург, со тоа што Цирих е на самиот врв на листата со просечна цена од над 18.000 евра по квадратен метар.
Податоците ги рангираат десетте најскапи пазари на домување во Европа, при што разликите меѓу градовите се значителни.
10. Стокхолм – 8.380 евра/м²
Шведската престолнина бележи стабилен раст на пазарот на недвижности. Просечната цена изнесува 8.380 евра по квадратен метар, со годишен раст од 7,2%. Градот останува еден од најскапите во Северна Европа.
9. Копенхаген – 8.405 евра/м²
Главниот град на Данска е меѓу најбрзорастечките пазари. Цените пораснале за 14,3% во последната година, достигнувајќи 8.405 евра по квадратен метар.
8. Осло – 9.332 евра/м²
Норвешкиот главен град бележи силен раст на недвижностите, со просек од 9.332 евра по квадратен метар и континуиран нагорен тренд.
7. Амстердам – 9.437 евра/м²
Холандската престолнина се соочува со хроничен недостиг на станови и висока побарувачка, што ја турка цената на 9.437 евра по квадратен метар.
6. Париз – 9.490 евра/м²
Париз останува меѓу најскапите европски градови, иако цените бележат благ пад во последниот период, за разлика од останатите пазари.
5. Берн – 9.952 евра/м²
Сојузната престолнина на Швајцарија е најприфатлива меѓу швајцарските градови во топ 10, но и натаму е блиску до границата од 10.000 евра по квадрат.
4. Луксембург – 10.941 евра/м²
Градот Луксембург останува еден од најскапите пазари во Европа, поддржан од силниот финансиски сектор и високата куповна моќ.
3. Луцерн – 12.066 евра/м²
Еден од најголемите „шокови“ на листата е Луцерн, кој и покрај својата големина, има исклучително високи цени на недвижности.
2. Женева – 16.819 евра/м²
Женева останува еден од најпривлечните и најскапи градови во Европа, со стабилен пазар и силна меѓународна побарувачка.
1. Цирих – 18.229 евра/м²
Цирих е најскапиот град за домување во Европа. Како финансиски центар на Швајцарија, градот комбинира високи плати, ограничена понуда и силна побарувачка, што ги одржува цените на рекордни нивоа.



