„Instagram“ конечно воведе една од најбараните функции – корисниците сега можат рачно да го менуваат редоследот на објавите на својот профил благодарение на новата опција наречена „Grid Reordering“.
Досега, објавите на „Instagram“ профилот се прикажуваа исклучиво по хронолошки редослед, односно по датум на објавување. Единствениот начин за означување на одредена содржина беше функцијата „Pin“, која ви овозможува да закачите до три објави на врвот од вашиот профил.
Новата опција носи многу поголема слобода.
Како функционира функцијата
Корисниците сега можат да го отворат својот профил, да притиснат и задржат која било објава, а потоа да ја изберат опцијата „Grid Reordering“. После тоа, само повлечете ги објавите на саканата позиција и промената ќе биде веднаш зачувана.
Инстаграм наведува дека целта на функцијата е да им овозможи на корисниците да го организираат својот профил на начин што најдобро го претставува нивниот идентитет, креативна работа или производи што сакаат да ги истакнат.
Нови креативни опции
Покрај реорганизирањето на профилот, „Instagram“ воведува и полесно споделување музика од „Spotify“ преку функцијата „Notes“.
Исто така, почнувајќи од 20-ти јуни, корисниците ќе можат да користат нови фонтови за ракопис базирани на вистинскиот ракопис на познати креатори на содржини. Новите фонтови ќе бидат достапни за употреба во објавите на „Reels“ и на „Stories“.
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи беа претежно многу позитивни. Многумина веруваат дека функцијата требало да биде достапна пред една деценија, додека други сè уште бараат враќање на прикажувањето на објавите на пријателите по строго хронолошки редослед. Засега, „Grid Reordering“ е достапно само на мобилни уреди.
„Instagram“ има функција што корисниците ја бараат со години!