ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува Мундијалот ФИФА 2026: Светот влегува во најголемиот спортски бизнис вреден милијарди...

Почнува Мундијалот ФИФА 2026: Светот влегува во најголемиот спортски бизнис вреден милијарди долари

Првиот свиреж на Светското првенство 2026 вечерва ќе означи почеток на најголемиот спортски настан во светот, но и старт на огромна економска машина во која се вртат милијарди долари.

Домаќини на турнирот се САД, Мексико и Канада, а според проценките на спортските и економските аналитичари, натпреварувањето ќе генерира десетици милијарди долари економска активност преку туризам, хотелиерство, авио-сообраќај, спонзорства, маркетинг и телевизиски права.

Честа да го отвори шампионатот ја има репрезентацијата на Мексико, која вечерва во главниот град ќе се соочи со Јужна Африка. Натпреварот носи и симболика, бидејќи двете селекции се сретнаа и на отворањето на Светското првенство во 2010 година.

Но додека навивачите ќе ги следат головите и резултатите, компаниите ќе ги следат приходите.

Светските брендови инвестираат огромни средства за присуство на најгледаниот спортски настан на планетата. Само рекламите, спонзорските договори и телевизиските права се мерат во милијарди долари, додека градовите домаќини очекуваат милиони туристи во текот на турнирот.

За многу земји и компании, Мундијалот одамна не е само спорт. Тој е можност за промоција, инвестиции и заработка каква што ретко носи било кој друг глобален настан.

Додека Мексико и Јужна Африка вечерва ќе ја започнат битката за бодови, во позадина веќе започна битката за вниманието и парите на милијарди луѓе ширум светот.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП