7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault ќе ја гради својата прва фабрика во Кина

Renault ќе ја гради својата прва фабрика во Кина

reno fbrik

Вториот по големина производител на автомобили во Франција, „Renault“, конечно ќе добие дозвола да ја изгради својата прва фабрика во Кина. Компанијата овој проект ќе го реализира со заедничко вложување со „Dongfeng Motor“.

Кинеската национална комисија за развој и реформи дозволи производителот да започне со производство на автомобили на брендот „Renault“ во земјата, соопшти францускиот автомобилски гигант.

Компанијата ќе инвестира 7,7 милијарди јуани (1,3 милијарди долари) и има намера годишно да произведува 150.000 мотори и автомобили.

Така „Renault“ планира да ја намали зависноста од европскиот пазар, каде што побарувачката е на најниско ниво во последниве две децении, а половина од производсвото „Renault“ го пласира токму во Европа.

Заедно сo  производството  во Кина, компанијата сака да ја зголеми конкурентност во земјата, бидејќи Пекинг го оданочува увозот на автомобили од странство со данок од 25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП