6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChanel ja купува кожарската работилница Bodin-Joyeux

Chanel ja купува кожарската работилница Bodin-Joyeux

Chanel-headquarters

Француската модна куќа „Chanel“ ќе ја купи кожарската работилница „Bodin-Joyeux“ од  Левроукс – Франција, која е една од ретките што произведува јагнешка кожа со исклучителна префинетост.

Управата на компанијата „Chanel“ соопшти дека планира да купи дел од политиката на куќата и да вклучат ретки занаети во својата производна програма.

Јагнешката кожа со фина обработка се користи пред се за изработка на чанти.

Фредерик Боден, претседателот и сопственик на кожарската работилница која е основана во 1860-та година, објаснува дека неговата компанија веќе долго време има соработка со модната куќа „Chanel“. Тој се надева дека оваа интеграција ќе помогне во натамошниот развој на производството на работилницата.

„Chanel“ веќе по своја закрила ги стави италијанскиот производител на чевли „Roveda“, како и шкотската работилница за изработка на кашмир „Вarrie Кnitwear“.

„Bodin-Joyeux“ има стотина вработени и секоја година произведува 450.000 парчина префинета јагнешка кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП