Многу луѓе Ренди Цукерберг ја знаат само како сестра на прочуениот основач на Фејсбук, Марк Цукерберг, но на јавноста не и е толку познато дека таа е и успешен претприемач.
По шест години како маркетинг менаџер во компанијата на нејзиниот брат, Ренди одлучи да оди по својот пат и така ја основаше продуцентската куќа „Цукерберг Медиа“, зад која стојат многу успешни проекти и која во 2011 година беше номинирана за Еми наградата.
За порталот „Entrepreneur.com“, Ренди го даде својот најдобар совет кога станува збор за вработувањето на нови лица.
„Не е се во искуството и во годините. Важно е да најдете луѓе кои се паметни, добри работници и страствени. Кога ги интервјуирате кандидатите, барајте ги оние кандидати кои ви одговараат со повеќе ентузијазам и оние кои ќе ви дадат иновативни одговори. Многу е важно и овие нови луѓе да ги вклопите во целиот ваш тим. Не ја гледајте само нивната работна етика или колку тие ќе му помогнат на вашиот бизнис, туку од нивниот говор проценете какви личности се тие и каков е нивниот карактер“