Вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот достигна рекордни 98,3 трилиони долари минатата година, што е зголемување од 8,7 проценти во однос на претходната година, според новото истражување на „Капџемини“.
Аналитичарите велат дека главните двигатели на овој тренд се порастот на берзите, закрепнувањето на финансиските пазари и зголемувањето на вредноста на инвестициските портфолија, вклучувајќи акции, обврзници и приватен капитал.
Минатата година во светот имаше околу 25,3 милиони луѓе со средства од над 1 милион долари, што е речиси два милиони повеќе луѓе отколку претходната година.
Во исто време, бројот на многу богати поединци со средства што надминуваат 30 милиони долари расте најбрзо, што дополнително укажува на брзата концентрација на богатството на врвот на скалата на богатство.
Соединетите Американски Држави остануваат на убедливо првото место со 8,7 милиони милионери, додека Јапонија е втора, Германија е трета, а Кина е четврта по бројот на нови богати поединци.
Две третини од сите милионери во светот се концентрирани во овие земји, покажа студијата.
Германија има околу 1,78 милиони „лица со висока нето вредност“, што е зголемување од 11,1 процент во однос на претходната година, објави „Wirschaftswoche“.
Се очекува вкупното богатство на милионерите во Германија да се зголеми на околу 7,1 трилион долари во 2025 -та година, делумно благодарение на растот на финансиските пазари и пониската инфлација.



