ЕКОНОМИЈА

Bundesbank ја зголеми прогнозата за раст на Германија

deutschebank1

Банката објави дека очекува германската економија да порасне во оваа година за 0,5 проценти, а идната за 1,7 проценти. Во јуни овогодинешниот раст го проценија на 0,3 проценти, а оној во 2014 година на 1,5 проценти.

Во 2015 година економијата би требало да порасне за два проценти.

Германија е главниот двигател на заздравувањето на еврозоната, кое во последно време сепак е послабо поради назадувањето на Франција и Италија.

Во „Bundesbank“ напоменуваат дека главна причина за подобрувањето на прогнозата е домашната побарувачка, а не побарувачката од странство, благодарение на ниските каматни стапки и поголемите плати.

„Германската економија е во добра форма: стапката на невработеност е ниска, вработеноста расте а растот на платите се враќа во нормала“, заклучи гувернерот Јенс Видман.