11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Инфлацијата ќе изнесува од 6,3 до 6,5 %

Русија: Инфлацијата ќе изнесува од 6,3 до 6,5 %

rusija2

Инфлацијата во Русија оваа година ќе се движи во распон од 6,3 до 6,5 проценти, смета помошникот на претседателот на Русија за економски прашања, Андреј Белоусов.

Тој изјави дека зголемувањето на проценките за инфлацијата главно се условени од растот на цените на одредени видови производи, пренесува агенцијата Итар тас.

Белоусов, сепак, додаде дека него повеќе го загрижува кумулативната инфлација која на крајот на ноември изнесуваше 5,9 проценти.

„Тоа значи дека во еден месец ние мораме да се задржиме во рамките на 0,5 проценти“, додаде тој, напоменувајќи дека декември е непредвидлив месец.

Многу работи ќе зависат од потрошувачката во пресрет на новогодишните празници. Тоа секогаш влијае на инфлацијата, така што вариациите во цените можат да бидат големи, објасни Белоусов.

Според податоците на руската агенција за статистика Рос Стат, годишната стапка на инфлација во ноември била 6,5 проценти, а месечната 0,6 проценти.

Претходно, Министерството за економски развој ја зголеми прогнозата за инфлација на крајот на 2013 година, на 6,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП