Специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFPI) Кирил Дмитриев денес изјави дека на Европа ѝ е потребна Русија за да преживее.
Енергетската криза ја принудува Европската Унија да стане пореална и да почне да ги корегира претходните грешки, рече тој, пренесува ТАСС.
„Како што беше предвидено, енергетската криза ја принудува ЕУ да биде пореална и да почне да ги корегира претходните грешки. На Европа ѝ е потребна Русија за да преживее“, напиша тој на платформата X.
Дмитриев го коментираше објавувањето на агенцијата Блумберг, според кое Европската Унија ја разгледува можноста за привремено укинување на ограничувањата за цената на руската нафта поради кризата предизвикана од ситуацијата околу Иран.
Минатата година, ЕУ воведе механизам со кој, на секои шест месеци, максималната цена на руската нафта од типот Урал автоматски се поставува на 15 проценти под просечната пазарна цена.
Сегашната граница треба да се ревидира во текот на летото, според агенцијата.
Ограничувањата им забрануваат на европските компании да обезбедуваат услуги како што се осигурување и транспорт на нафта чија цена надминува пропишан праг.
Според „Блумберг“, поради порастот на цените на енергијата поради кризата околу Иран и затворањето на Ормутскиот теснец, во следната ревизија горната граница би можела да се зголеми од 60 на 65 долари за барел, додека ЕУ ја разгледува и опцијата за привремено замрзнување на ограничувањето или ограничување на какво било зголемување на нивото од 60 долари.



