23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовторно рекордна продажба на Mercedes-Benz

Повторно рекордна продажба на Mercedes-Benz

prodazba mercedes

Германскиот производител на возила, Дајмлер, соопшти дека нејзината филијала „Mercedes-Benz“ во ноември забележи нов рекорд, продавајќи 133.441 возила.

Тоа е за 10.9 проценти повеќе отколку во ноември 2012-та година, а до овој резултат дошле благодарејќи на успехот на новиот модел „E-сlasѕ“, како и на растот на кинескиот и американскиот пазар.

Како што пренесуваат медиумите, во периодот од јануари до ноември, „Mercedes-Benz“ ја зголеми продажбата за 10.7 проценти во однос на истиот период од пред една година, па вкупниот број на продадени автомобили изнесува 1,32 милиони, што исто така е рекорден резултат.

„Веќе го достигнавме обемот на продажбата во 2012-та година, а меѓу луксузните марки на автомобили остваривме најголем раст од почетокот на годината“, вели членот на управниот одбор на групацијата, Ола Калениус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП