ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАмериканската војска повторно го нападна Иран

Американската војска повторно го нападна Иран

Американската војска објави дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.

Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“.

Портпаролот на CENTCOM изјави дека американската војска „продолжува да ги брани своите сили со воздржаност за време на тековниот прекин на огнот“.

Иранското Министерство за надворешни работи тврди дека 24 лица, вклучувајќи двегодишно девојче и неколку млади одбојкари, биле убиени во американски ракетен напад на почетокот на војната.

Портпаролот на министерството, Есмаил Бакаеи, изјави на социјалните мрежи дека нападот се случил на 28 февруари во станбена област во градот Ламерда. Според него, тоа е истиот ден кога САД и Израел започнале заеднички напади врз Иран.

Повеќе од 130 повредени

Бакаеи го опиша нападот, во кој наводно беше погодена спортската сала, како „разорувачки“. Тој тврди дека повеќе од 130 лица се повредени.

Рано утрово по локално време во иранскиот пристанишен град Бандар Абас одекнаа неколку експлозии, по што беше активиран системот за противвоздушна одбрана. Иранската револуционерна гарда првично објави три експлозии, повикувајќи се на неименувани извори, но официјалната потврда за причината не беше веднаш објавена.

Реакции на САД и Иран

Доналд Трамп изјави во текот на викендот дека со Иран се дискутираат „конечните детали“, а во понеделник нагласи дека договорот „или ќе биде одличен и значаен, или воопшто нема да го има“.

Од друга страна, ирански портпарол изјави дека двете страни „постигнале рамка“, но не се согласиле за конечен договор.

Потоа дојдоа информациите за застојот во преговорите, но и за новиот американски напад врз Иран.

Рубио: Теснецот мора да се отвори. Ќе биде отворен на еден или друг начин

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека преговорите за договорот со Иран се одложени поради несогласувања околу формулацијата. Изјавата доаѓа по американските воени напади врз иранските позиции во Ормутскиот теснец.

Замолен да коментира за тие напади, Рубио беше јасен. „Теснецот мора да се отвори. Ќе биде отворен на еден или друг начин и затоа мора да се отвори“, рече тој.

Иранските власти сè уште не ги коментираа американските напади. Сепак, иранските државни медиуми ги опишаа како кршење на постојниот договор за прекин на огнот. Американските и иранските сили претходно разменија оган за време на примирјето.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП