25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува регионалната конференција на Мајкрософт

Продолжува регионалната конференција на Мајкрософт

Microsoft

 „Вистински импакт за подобро владеење“ е темата на регионалната конференција на „Мајкрософот“ што се одржува во Скопје, а на која денеска ќе се обрати министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Конференцијата се одржува во рамки на неделата на јавниот сектор и е во организација на Мајкрософт во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Учесници се експерти за решенија за јавниот сектор од Мајкрософт, претставници на владите на Македонија, Косово, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина, ИТ компании од Македонија и регионот, кои презентираа најдобри практики и решенија кои имаат единствена цел подобрување на капацитетот, ефикасноста и квалитетот на владините институции и единиците на локалната управа.

Преку прифаќање на програмите за Отворено партнерство за владеење, платформи за интероперабилност, најновите „клауд“ технологии, воведување на принципите за сајбер безбедност и  заштитата на личните податоци, се обезбедува поефикасна, поефективна и покомпетитивна администрација, што е и цел на секоја влада, беше истакнато на конференцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП