8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали се ова спецификациите на Galaxy S5?

Дали се ова спецификациите на Galaxy S5?

South Korea Samsung Galaxy S4

Уредот со ознака „SM-G900S“ се појави на тестот на „GFXBench“, но набргу исчезна. Дали е можно ова да се спецификациите на следната генерација на смартфонот „Galaxy S“?

Судејќи според „FoneArenа“, кога податоците биле достапни на интернет, тие откриле дека е во прашање уред со 2560 x 1440p екран, 2.5GHz „quad core Snapdragon 800“ процесор и „Adreno“ 330 GP, а работел на „Android 4.4 KitKat“.

Многу малку се знае за овој мистериозен телефон, но се шпекулира дека споменатата резолуција би можела да значи и екран со дијагонала од 5.25 инчи и со 560 пиксели по инч.

Нормално, не постојат гаранции дека овие спецификации се поврзани со моделот „Galaxy S5“, особено ако во предвид се земе информацијата дека „Samsung“ на почетокот на 2014-та година планира да претстави 5 нови уреди.

Дури иако ова не се спецификациите на „Galaxy S5“, „Samsung“ нема да дозволи неговата премиум серија да биде инфериорна, па така спецификациите на „Galaxy S5“ ќе бидат барем идентични со овие, ако не и поимпресивни.

Други информации кои се поврзани со овој модел навестуваат метален рам, 64-битна архитектура, па дури и скенер за зеницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП