30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрет Вински саем во Скопје

Трет Вински саем во Скопје

copas-uvas-vino-blanco-vino-tinto

Во Метрополис арената денеска официјално ќе биде отворено третото издание на Винскиот саем на кое ќе се претстават 12 винарии од кои 10 од Македонија и по една од Франција и Италија и пет произведувачи на млечни, пекарски и месни производи.

Тридневниот фестивал на виното организиран од Скопски саем под мотото „Пиј музика, слушај вино“ ќе понуди вина и мезе по промотивна цена и богата музичка програма.

Работното време ќе биде од 17 до 1 часот по полноќ, а според најавите од организиторите, ќе може да биде продолжено доколку има доволно луѓе кои се забавуваат.

Влезницата во секој од трите саемски дена ќе чини по 100 денари.

Во рамките на Саемот за вино ќе се организираат и интерактивни работилници, а денеска од 17 часот ќе се одржи и најголемата забава после работно време на која се поканети сите поголеми македонски компании.

Официјалната музичка програма ќе започне од 19 часот со настапот на Жаклина Стефковска,во 21 часот ќе настапи Драган Мијалковски, а од 23 часот Нокаут.

Утре ќе биде изворно-народен чалгиски ден со настап на Скопски чалгии, Чалгија саунд систем и Нино
Величковски со Кумановски тамбураши.

В недела ќе настапат Трио Симон Киселички, Стринг Форсис и Фрајле.

По потреба после 1 часот по полноќ и секој од трите дена од 17 до 19 часот присутните ќе ги забавува диџеј Џон Антонио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП