11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus го надмина планот за нарачки

Airbus го надмина планот за нарачки

airbus11187

Францускиот производител на авиони „Airbus“, во периодот од јануари до ноември, забележа вкупно 1.373 нарачки. Што е далеку над планираната цел од 1.200 нарачки за цела 2013 година.

Оваа филијала на европската корпорација „EADS“ во истиот период испорача 562 авиони, додека годишната цел изнесуваше 620 авиони, пренесува агенцијата АП.

Во овој број на авиони, авионот А380 е застапен 22 пати, што не е далеку од годишниот план од 25 авиони, се додава во соопштението на компанијата.

Од компанијата изјавија дека се задоволни од досегашното темпо на нарачки и испораки на авионите, тие оваа година очекуваат и поголем профит од претходно планираниот, а најавија и дека ќе ја зголемат прогнозата за нарачки и испораки за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП